Намерно или случајно: Тамара Тодевска ги исфрли Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански од македонската химна

Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата! Македонците се борат, за своите правдини! Македонците се борат, за своите правдини! Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански! Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници! Македонија слободна, слободнo живее! Македонија слободна, слободнo живее!
Ова е оригиналиот текст на македонската химна.
Но, намерно или случајно пејачката Тамара Тодевска на синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, не го испеа стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.
Социјалните мрежи брујат по овој потег на Тодевска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.