Намерно не и се јавував, потоа мамата ми ја расплака

Ја убивав со своето не јавување, некако посакував да трча по мене, сигурен дека тоа никогаш нема да и’ досади. Но, се случи токму тоа, и’ досади да се играм со нејзините чувства.
Ми недостасуваа нејзините пораки, повици, деновите ми беа празни без нив. И тогаш несвесно почнав да го правам она што таа ми го правеше мене. Праќав пораки до неа, на кои не одговараше, ѕвонев, но повиците ги одбиваше. Го мразев тоа нејзино однесување кое всушност го виде кај мене, но не се откажував.
По неколку недели и’ пратив порака – како си, на која за чудо одговори:’ Одлично сум, прекрасно е чувството кога ќе престанеш да бидеш будала, а уште поубаво кога некој правиш будала, ти благодарам.
Тогаш, пријателе, сфатив се’ од друг агол. Таа беше до мене кога тоа не го знаев, а понекогаш не го ни чувствував. Не сфатив колку љубов ми посвети и ми даде мене. Знаеш, се присетив на се’ и ми беше жал што ја пуштив да си оди. Едноставно стана уморна од мојот немар, уште една тешка грешка. Се грижеше за мене, а јас тоа не го сфатив. Кога ми зборуваше дека еднаш ќе погледнам назад и ќе ги видам своите грешки, не и’ верував. Но, знаеш, дури сега сфаќам дека го пуштив најдоброто што го имав да си оди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.