Наместо вода и кафе, антикорозивна течност. Дали битолчанецот беше намерно отруен?

Битолчанец на 42-годишна возраст завршил на токсикологија, откако во битолско кафуле испил кисела вода и кафе и добил симптоми на труење.

По преглед во битолската болница, бил префрлен на Клиниката за токсикологија во Скопје, каде, според болнички извори, било констатирано дека најверојатно испил хемиско средство за отстранување корозија.

Што навистина се случило??

Во угостителски објект чиј сопственик е добро познат на битолчани, оштетениот човек побарал вода. Тоа што му било дадено му ги изгорело органите и тој во тешка состојба во моментов се лекува на скопската клиника за Токсикологија.

-Со часови повраќаше крв, резултатите покажаа дека со срцето се е во ред, па докторите почнаа да испитуваат од каде е нагонот за повраќање. Тука настанува сомнеж дека состојбата е предизвикана од таа течност. Самиот човек цело време кажуваше дека со водата која ја испил нешто не било во ред

Овие средства содржат силни киселини, кои имаат уништувачки ефекти врз внатрешните органи.

Случајот бил пријавен во битолската полиција во вторникот, а го пријавила сестрата на битолчанецот.

„На 21.03.2023 околу 15.30 часот во СВР Битола, Л.Б. од Битола пријавила дека на нејзиниот брат А.Т.(42) од Битола му се слошило откако испил кафе и вода во угостителски објект во Битола, по што бил пренесен и задржан во Клиничката болница во Битола.

Според пријавеното, А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, а откако ја испил течноста му се слошило. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – се вели во соопштението на МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.