Наместо да му врати 2.000 евра, извадил пиштол и се обидел да го убие

Јавното обвинителство извести дека на 23 ноември, во Велешта, осомничениот се обидел да да убие лице со кое односите му биле влошени поради должничко-доверителски обврски.

Оштетениот му должел 2.000 евра на осомничениот и се договориле да се сретнат за да му ги даде.

Наместо да му врати 2.000 евра, извадил пиштол и се обидел да го убие

„Но, помеѓу нив, најпрво настанала расправија околу враќањето на парите, а потоа осомничениот го турнал оштетениот и од засега непознато оружје испукал кон него два куршуми.

Од истрелите, оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во градниот кош, абдоменот и колкот. Веднаш потоа осомничениот избегал, а оштетениот успеал да се јави кај неговата сопруга која повикала итна медицинска помош“, се појаснува во соопштението.

Оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците и оштетените, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.