Наместо да стивнуваат морбилите земаат замав

Само изминатата седмица бројот на новозаболени изнесува 134, што е највисока бројка регистрирана воопшто откако е прогласена епидемијата. Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови. Со тоа вкупниот број на зафатени градови изнесува 22, информираше вчера д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје пред Министерство за здравство.
Вкупната бројка на регистрирани од почетокот на епидемијата, како што информира д-р Кузмановска, е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524. Најголем број регистрирани се возрасни лица над 30-годишна возраст. Речиси половина од сите регистрирани се возрасни лица.
– Што се однесува до вакциналниот статус од сите заболени на неделно ниво 70 проценти се невакцинирани, со непознат статус или непотполно вакцинирани, вели Кузмановска.
Таа, исто така, додаде дека очекуваат и во наредниот период бројот на заболени да се одржува и не очекуваат брзо намалување и привршување на епидемијата.
Како што информира д-р Кузмановска со тешки компликации, во смисла на бронхопневмонија, дијареа и други потешки инфекции се околу 16 проценти од сите заболени, но бројката во однос на хоспитализираните е нешто повисока и се движи повеќе од 40 проценти.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.