Наместо кочница нагазил на гас- дедо со автомобил прелетал над капачите на плажа во Хрватска

Невнимателен возач завршил во море на плажа во хрватска Цриквеница.
Постар господин на возраст од околу 85 години сакал да паркира на самата ивица на патот, до плажата, но наместо на кочница, стиснал на гаста, па прелетал преку капачаите и завршил во море. Притоа удрил во една госпоѓа, која подоцна Итната помош ја однела во болница. Сите биле шокирани, малите деца и родителите врескале од страв, велат очевидците.


Жителите велат дека плажата инаку е опасна бидејќи се наоѓа на самиот пат.
„Луѓето паркираат автомобили над капачите. Исто така на таа плажа има место каде што бродовите се паркираат“, рекол еден од посетителите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.