Наместо укинување уште 30 дена притвор за Катица Јанева

На поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која се наоѓа во притвор во истражниот затвор Скопје и сегашната мерка притвор и истекува в петок Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот за уште 30 дена.
“Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и ценење на предлогот, донесе решение со кое го уважи предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП“, се навеедува во соопштението на Кривичниот суд.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.