сабота, 28 ноември 2026
Најново

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судија за претходна постапка од Посебното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и родова рамноправност, П. В., и на претседателката на комисијата во тој секретаријат, Д. М., осомничени за злоупотреба на службената положба.

Како што е потврдено за РТС, на осомничениот П. В. му е одреден притвор поради опасност дека би можел да влијае врз сведоците и да го повтори кривичното дело. На осомничената Д. М. притворот ѝ е одреден поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Против решението за определување притвор е дозволена жалба до кривичниот совет на Посебното одделение за сузбивање на корупцијата при Вишиот суд во Нови Сад.

Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и родова рамноправност, П. В., и претседателката на комисијата во истиот секретаријат, Д. М., беа уапсени под сомнение дека со злоупотреба на службената положба го оштетиле буџетот на автономната покраина Војводина за 130,9 милиони динари.

Поврзани вести