Наместо 50 згради на Пуцко, нов мега-парк ќе никне на просторот кај поранешна „Алумина“

Бетонски монструм од преку 140.000 м2 е планиран да се гради на локацијата на поранешната фабрика „Алумина“ во Тафталиџе.

Според последните информации, сопственикот на земјиштето и планот за изградба на овој бетонски монструм Асмир Јаоски, син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јаоски – Пуцко е во преговори со турскиот конзорциум ЛИМАК со цел оваа компанија да го откупи земјиштето и да ја превземе улогата инвеститор на овој проект.

Според информациите на Инфомакс, градот Скопје се уште нема примено урбанистички план за да го разгледува овој проект, но од кабинетот на Арсовска велат дека ваков проект категорично ќе биде одбиен, бидејќи во новиот Генерален Урбанистички План на оваа локација веќе е предвидена изградба на нов мега-парк.

„Нема да дозволиме да се повтори грешката како проектот кај поранешната фабирка ‘Треска’“, велат од кабинетот на Арсовска.

Градоначалничката не беше достапна за коментар.

Општина Карпош пак се уште ја нема спроведено постапката за донесување на овој ДУП.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.