Што и да изедеме и испиеме во текот на нашите животи, поминува низ џигерот.
Токму поради тоа тој орган трпи и ги впива сите наши лоши прехранбени навики, а со својата работа го штити нашето тело.
Доколку сакате да направите добра работа за вашето тело, а со самото тоа и за вашиот џигер, дознајте како треба да го одржите здрав овој орган и со што може да го исчистите.
Мрсната и пржена храна, нездрави пијалаци, алкохол и лекови, се главните непријатели на нашиот џигер кој што во телото има функција на филтер кој што го штити организмот од штетните состојки.
Но, токму поради таа фукција која што ја извршува, а која што не е ниту малку лесна, тој знае да биде многу напрегнат, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.
Со оглед на тоа што џигерот не е поврзан со нашиот нервен систем, болниот џигер нема да нè боли, па поради тоа многу е тешко да се открие тоа.
Но, добра вест е тоа што џигерот може да се регенерира и речиси секоја штета која што му е нанесена може да се поправи.
Намирници кои го чистат џигерот:
1. Лук – го поттикнува создавањето на ензимот кој што му помага на телото да ги исфрли токсините
2. Цитруси – богати со витамин Ц, цитрусите се моќни антиоксиданси кои што му помагаат на џигерот да апсорбира повеќе штетни работи.
3. Зелен чај – состојката катехин, со која што овој чај е пребогат е моќен антиоксиданс кој што го чисти организмот.
4. Зелен зеленчук – преполн е со хлорофил, па поради тоа влијае во неутрализација и исфрлање на токсините од крвниот систем.
5. Ананас – преполн е со витамин Ц, па поради тоа делува како дуиретик кој што од телото исфрла токсини.
6. Нане – тоа е богато со флавоноиди кои што делуваат како моќни антиоксиданси.
7. Ѓумбир – моќен антиоксиданс кој што го забрзува метаболизмот, помага при исфрлање на маснотијата од телото.
8. Ореви – содржат голема количина омега 3 масни киселини и аминокиселини кои што ги исфрлаат маснотиите од телото.