Една намирница – две важни функции: ги храни и зајакнува вашите заби. Звучи добро, зар не?
Затоа овие намирници треба малку почесто да ги имате на вашето мени. Меѓудругото, некои од нив веројатно редовно ги јадете.
Сирење
Тврдото сирење, односно речиси сите млечни прозиводи се полни со протеини и калциум кои што не влијаат само на зајакнувањето на забите и коските, туку совршено делуваат и на заштитата на горниот слој на вашите заби – нивната глеѓ.
Јогурт
За разлика од сирењето јогуртот е полн со добри бактерии, пробиотик, кои што го чуваат здравјето особено забното месо и со самото тоа целата усна празнина.
Јаболко
Јаболкото е добро за вашите заби, но не треба да го јадете пред спиење. Зошто? Прво затоа што јаболкото може да предизвика надуеност, а фруктозата баш како и сите видови шеќери може да влијае на појавата на кариес.
Морков
Морковот не е добар само за здравјето на нашите очи туку поради тоа што со самото тоа ги џвакаме многу додека го јадеме, во усната празнина се лачи повеќе плунка, а тоа е добро за превенцијата од настанување кариес.
Целер
Исто како и мрковот, заклучокот е дека к’рцкавите и сирови намирници се добри за нашата усна празнина.