Намирници кои се штетни за цревата

Телото се бори со најразлични бактерии, болести и паразити, па затоа треба да внимавате што јадете.
Треба да избегнувате намирници кои се лоши за цревата и се причина за создавање на гасови и болка.
Каков вид храна треба да избегнувате?
Рафинирани шеќери
Рафинираните шеќери како што се оние коишто се наоѓаат во колачите, бисквитите и останатата слатка храна се лоши за здравјето на вашите црева.
Овој вид на шеќери го намалуваат бројот на добрите бактерии во цревата и го зголемуваат бројот на лоши бактерии.


Пржена храна
Пржената храна е една од популарните намирници кои им штетат на вашите црева и го зголемуваат бројот на лошите бактерии, но предизвикуваат и воспаленија и грчеви.
Преработена храна
Преработената храна содржи дополнителна количина на шеќер и сол, а е сиромашна со влакна и антиоксиданти кои се добри за вашите црева.
Алкохол
Добропознато е дека алкохолот може да го намали бројот на добри бактерии во цревата. Умерената количина на црно вино ја зголемува количината на полифеноли, затоа е добро да бидете барем 1 чаша од овој алкохол, но не треба да претерувате со другите алкохолни пијалаци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.