Нанесувањето шампон на мокра коса е погрешно – експертите дале неколку совети за миење на косата кои ќе ви го променат животот

Сувата коса која е измиена ден претходно и понатаму е чиста и истата треба да се третира поинаку од масната коса која не е измиена два или повеќе денови. Важно е секогаш косата да се мие со млака, а не со топла вода. Млаката вода ќе спречи претерано мастење на коренот и ќе овозможи поголем сјај на влакното.
Исто така, користењето на премногу шампон може да ја уништи косата. Масната коса треба да има поинаков третман – ако прво ја намокрите масната коса, а потоа додадете шампон, потешко ќе ја отстраните маснотијата од коренот. Токму затоа, прво ставете го шампонот и потоа ставете малку вода и вмасирајте. Потоа измијте темелно и додадете нов слој на шампон.


Советничката за убавина Саши Лимај напишала:
“Луѓето кои имаат рамна коса би требало да ја мијат на секои 3 дена и да користат благ регенератор. Тенката и кадрава коса бара помалку шампон бидејќи преголемата количина може да го уништи влакното. Девојките со долга коса би требало да ја мијат 2 до 3 пати неделно, а оние кои имаат фарбана коса би требало да ја мијат на секои 2 дена, ако поминуваат многу време надвор”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.