Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ги зголеми безбедносните мерки за време на одржувањето на Светското првенство во Бразил.Една од причините за ваквата одлука на ФИФА, според генералниот секретар на оваа организација Жером Валк, е и бомбашкиот напад кој се случи за време на одржувањето на маратонот во Бостон.За време на посетата на Хаити, Валк на новинарите им рекол дека за безбедноста за време на одржувањето на Мундијалот во 2014 година ќе се грижат агенти на тајните служби, полицијата, армијата и Интерпол.Исто така, тој напоменал дека настаните во Бразил ќе бидат набљудувани преку сателит.Валк, заедно со делегацијата на ФИФА во која бил и првиот човек на организацијата Сеп Блатер, присуствувал на прес конференција која била одржана во седиштето на фудбалската организација на Хаити.
МакфаксСветската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ги зголеми безбедносните мерки за време на одржувањето на Светското првенство