Нападите на Шри Ланка ги извршија бомбаши самоубијци

Седум бомбаши самоубијци извршија шест симултани напади врз три цркви и три луксузни хотели во и околината на Коломбо на Велигден, соопшти форензичкиот тим на Владата на Шри Ланка.
Две лица беа вклучени во нападот врз хотелот „Шангри-Ла“, по еден напаѓач учествувал во нападот на „Синамон Гранд“, „Кингсбери“ и „Сент Ентони Шрајн“ во Колумбо. Исто така по еден напаѓач учествувал во нападот на црквата Сенр Себастијан во градот Негомбо и на црквата Зион во градот Батикало.
Нешто подоцна беа извршени и два бомбашки напади на гостилница и во близина на надвозник во Коломбо, кои се уште се под истрага. Осомничените напаѓачи детонираа експлозив во куќа во близина на надвозникот, при што загинаа тројца полицијаци.
Во вчерашните експлозии загинаа најмалку 290 луѓе, а околу 500 се повредени. Помеѓу загинатите има државјани на САД, Велика Британија, Индија, Кина и други земји, велат последните податоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.