Нападнатата наставничка во Зелениково: Бев физички повредена од градоначалникот

Физички повредена и понижена. Вака наставничката од основното училиште „Марко Цепенков” во Зелениково го опишува нејзиниот обид за средба со градоначалникот на општината пред камерата на телевизија Сител.
Додава дека сакала со него да ги разреши проблемите со кои се соочува во нејзиното, сега веќе, поранешно училиште, бидејќи под казна е преместена во основното училиште во село Орешани.
Настанот е регистриран и во полицискиот билтен.

Вчера околу 12,00 часот С.К. пријавила дека во Општина Зелениково барајќи прием кај Градоначалникот истиот вербално ја нападнал и насилно ја истуркал со вратата. Пријавителката, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ побарала медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.