Нападнат е градоначалникот на Ниш за време на протест

Вечерва во Ниш дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, кога група граѓани, за кои се верува дека се поддржувачи на студентските блокади и опозициските протести, извршија насилен напад на неколку локации во градот.

Во инцидентите се повредени повеќе лица, кои, според сведоци, биле погодени со камења. Насилството не го поштеди ниту градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, кој исто така бил физички нападнат.

Засега не е познат точниот број на повредени. Итната помош интервенирала на терен, а полицијата го обезбедува градското јадро.

Пронајдете не на следниве мрежи: