Нападнат и истепан градоначалникот на Солун

Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун вчера беше нападнат од толпа луѓе за време на церемонијата за одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите – грчко население од Мала Азија кое било протерано во почетокот од страна на Младотурците по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Во почеток Бутарис не реагирал додека некои од насобраната маса не почнале директно да му се закануваат, а некои не се двоумеа и да го нападнат.

Придружниците на градоначалникот го извлекоа од од местото за да го заштитат од разбеснетата толпа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.