Нападнат лекар од Токсикологија завршил на Ургентен

Нападнат лекар од Токсикологија завршил на Ургентен

Лекар кој бил денеска дежурен на Клиниката за  токсикологија попладнево бил нападнат од родител на дете, по што поради повреди бил пренесен на Ургентниот центар.

Инцидентот настанал кога родител кој што го однел своето неколкугодишно дете на преглед не бил примен и лекарот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија.

Случајот е пријавен во полиција која веднаш излегла на местото на нападот.

МВР соопшти дека родителот е пронајден и идентификуван, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.