Синоќа во 23,40 часот во Полициска станица Драчево, било пријавено дека во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје имало пресметка во која учествувале повеќе лица. Р.Е.(23) и Т.А.(21) двајцата од село Батинци, од една страна и од друга страна сопственикот на кафе барот Д.С. , кој се здобил со тешки телесни повреди нанесени со нож.
Со тешки телесни повреди се здобил и А.П.. Двете повредени лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Сторителите се приведени и задржани во полициска станица.