Нападот во кој загинаа 9 лица најверојатно е терористички акт

Истражувачите кои го испитуваат нападот со комбе во канадскиот град Торонто, при што вчера загинаа девет лица, претпоставуваат дека мотивот на напаѓачот е тероризам, изјави неименуван извор од безбедносните служби на САД.

Тој истакна дека претпоставува оти инцидентот не е случаен. Според снимките кои ги објавија канадските медиуми, возачот на комбето при апсењето тврдеше дека има пиштол и бараше од полицајците да го убијат.

– Најмалку девет луѓе загинаа, а 16 се повредени, кога комбе удри во група пешаци во северно предградие на Торонто, изјави заменик шефот на полицијата во Торонто, Питер Јуен.

Но, тој истакна дека не може да каже која била причината или мотивот за инцидентот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.