Мисијата на ОБСЕ во Албанија силно го осуди криминалниот напад против Топ чанел, оценувајќи дека напад врз медиум е флагрантен напад против демократијата.
Изразувајќи сочувство до семејството и колегите на Пал Кола, кој беше убиен во нападот, ОБСЕ бара брза истрага за целосно расветлување на инцидентот и изведување на сторителите пред лицето на правдата.
– Најостро го осудуваме криминалниот напад врз Топ чанел и изразуваме шокираност и сочувство до семејството и колегите на безбедносниот службеник, Пал Кола, кој го загуби животот вршејќи ја својата должност додека го чуваше објектот. Ваков бесрамен напад врз медиумите е бесрамен напад врз демократијата. Присуството на ОБСЕ се придружува на повиците на највисоките државни функционери
за брза и целосна истрага на инцидентот и очекува откривање на авторите и целосните мотиви за овој напад, се наведува во соопштението.
Реагираше и американската Амбасада осудувајќи го смртоносниот чин и барајќи целосна истрага за настанот.
„Американската Амбасада во Тирана најостро го осудува смртоносниот напад врз Топ Ченел и изразуваме длабоко сочувство до семејството на жртвата. Ги повикуваме органите на прогонот да спроведат сеопфатна истрага која ќе ги изведе одговорните пред лицето на правдата“, се наведува
во реакцијата на амбасадата.
Остра осуда искажаа и претседателот Бајрам Бегај, премиерот Еди Рама, претседателката на парламентот Линдита Никола, политички лидери, домашни меѓународни новинарски
асоцијации.
Министерот за внатрешни работи Бледи Чучи вети брзо расветлување на случајот.
Од досегашната истрага објектот на телевизијата околу 1 часот го нападнале три лица со рафално пукање од калашникови во правец на првиот и вториот кат на објектот.
Лицето од обезбедувањето во моментот се наоѓало во стражарската куќичка каде и смртоносниот било погодено.
Возилото со кое пристигнале и се оддалечиле сторителите било украдено во Скадар, а е пронајдено запалено заедно со оружјето.
Пронајдете не на следниве мрежи: