Напад на погреб: Руски православен свештеник убиен во Запорожје кога Украина ја гранатираше погребната поворка (ФОТО)

Според оперативните информации, украинскиот непријател нападнал погребна поворка во селото Скелки во општинскиот округ Василевски.

Едно лице е убиено, а шест се ранети во напад на вооружените сили на Украина врз погребна поворка во селото Скелки во Запорошката област.

Ова го објави рускиот администратор на регионот, Евгениј Балицки, на каналот Телеграм.

-Според оперативните информации, непријателот нападнал погребна поворка во селото Скелки во општинскиот округ Василевски. Шест лица се здобиле со повреди од шрапнели со различна тежина, а едно лице починало, се вели во соопштението на гувернерот.

Руските медиуми објавија дека е убиен протојерејот на Руската православна црква Сергиј Кљахин.

Украинские террористы атаковали похоронную процессию в селе Скельки Запорожской области: погиб священник, шесть человек пострадали. Погибший — протоиерей Сергий Кляхин. pic.twitter.com/ML8XiCkw1Y— Ангулемский (@PLuWex) February 10, 2026

Балицки додаде дека на повредените им е укажана потребната медицинска помош.

Руското Министерство за одбрана на 10 февруари објави дека руските сили успеале да ја преземат контролата врз населбата Зализнично во Запорожјето.

Во операцијата учествуваа единици од групата на сили „Исток“.
The post Напад на погреб: Руски православен свештеник убиен во Запорожје кога Украина ја гранатираше погребната поворка (ФОТО) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: