Според германските медиуми, 50-годишниот Талеб А., кој го извршил терористичкиот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург, бил позитивен на наркотици.
По трагедијата на божиќниот пазар во Магдебург, германскиот весник “Билд” дознава од полициските извори дека 50-годишниот Талеб А. наводно бил под дејство на дрога. Неговиот првичен тест, всушност, бил позитивен.
Тоа е докажан метод кој полицијата го користи како прв чекор во откривање на можна употреба на дрога од страна на криминалци или пијани возачи. Плунката се зема со тампон и капе на тест лента. Различните бои потоа покажуваат каков вид на дрога е тоа.
Тестот за плунка може да открие конзумирање на седум видови на дрога, вклучувајќи канабис, опијати, кокаин, амфетамини, метамфетамини (MDMA, екстази) и бензодијазепини.
Во меѓувреме излезе инфоормација дека уште еден повреден им подлегнал на повредите кои ги здобил кога докторот од Саудиска Арабија со возило покоси голем број на луѓе на божиќниот пазар во Магдебург во петок навечер.
Германските медиуми известуваат дека моментално бројот на жртвите од нападот е зголемен на 5 лица.
Канцеларот Олаф Шолц, беше да оддаде почит во источниот град Магдебург. Тој изрази посебна загриженост за околу 40 тешко повредени лица и ја осуди „страшната катастрофа.