Напаѓач бодел со нож случајни минувачи! Хорор во Париз: Едно лице загина, друго е повредено

Едно лице загина, а друго е повредено откако вооружен маж нападна минувачи во центарот на Париз, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

– Полицијата штотуку уапси напаѓач кој нападна минувачи во Париз, околу кејот Гренел. Париската противпожарна бригада пронашла едно мртво и едно повредено лице. Избегнувајте го просторот – напиша министерот на мрежата Х.

Принцот Вилијам ја изневерува Кејт со овој познат маж? Шок фотографиите од ресторан во Полска ги подгреаа гласините за врска
Светот го потресе веста дека принцот Вилијам има преференции за ист пол, а фотографиите од папарацо од геј ресторан направија дополнителна врева и фрлија сомнеж за сексуалната ориентација на …
Просечната нето-плата во јули изнесувала 40.961 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 2,9 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. -Ваквото зголемување …

Според информации на BFMTV, маж нападнал со нож случаен минувач на мостот Бир Хакеим околу 21:45 часот. Жртвата починала од кардиореспираторен застој. Тој е маж од германска националност и е роден на Филипините.

Напаѓачот нападнал уште најмалку двајца туристи со чекан а потоа бил уапсен. Полицијата употребила електричен пиштол за шок за да го онеспособи напаѓачот.

Според информациите на BFMTV, напаѓачот е Арманд Р., роден 1997 година, познат по радикален исламизам и психијатриски нарушувања. Има француско државјанство.

Националното обвинителство за антитероризам ја проценува ситуацијата во оваа фаза и сè уште не започнала истрага.

Пронајдете не на следниве мрежи: