Напиток за подмладување, се приготвува за една минута!

Овој рецепт за „антиејџ“ фрапе полно со незаменливи антиоксиданси е одличен оброк против стареење. За неговата подготовка ви е потребна една минута, а една чаша од ова фрапе ќе ги разубеди сите оние кои мислат дека за хранлив оброк е потребна преполна чинија со храна во спротивното.
Потребни состојки:
шолја суви сливи
3/4 шолја свежи или замрзнати боровинки
2 лажички мелено ленено семе
содржината од една капсула рибино масло
2 лажички сурутка
лажичка квасец во прав


Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер. Ставите и коцки лед. Нивната количина зависи од тоа колку сакате да биде густо фрапето. По желба засладете го со малку мед. Изматете ги состојките, ставете го фрапето во чаша и уживајте во напитокот на младоста.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.