Решението за овој проблем можете да го најдете во овие природни состојки и да заборавите на болките.
Најголемата женска болка е менструацијата. Но, и покрај таблетите кои повеќето жени ги пијат за ублажување на менструалните болки, постои и природен начин на кој можете да се ослободите од маката која ја доживувате секој месец. Сè што ви е потребно се овие три видови на чај.
Состојки:
100 грама надземен дел од ајдучка трева
100 грама исушени цветови од невен
50 грама исушени листови од коприви
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки. Потоа, две супени лажици од мешавината прелијте ги со половина литар зовриена вода и оставете во покриен сад да отстои пет минути.
Примена:
Чајот се пие полека, во мали голтки. Најдобро е да испиете барем еден литар дневно. Не се препорачува за време на менструација. Треба да го пиете два месеци, па да направите пауза од две недели.