Екипата на Наполи во дербито со Јувентус ќе влезе со шест бодови негатива, откако во 26.коло, во Серија, во Удине одигра 0:0 со домаќинот Удинезе.Тимот од Неапол со сите сили на „Фриули“ се обидуваше да постигне гол, но во текот на 90-те минути неговите играчи не приготвија ниту една 100-процентна шанса за постигнување на погодок.Горан Пандев, мечот го започна на клупата за резерви, тој ги одигра последните 30 минути од натпреварот, кога во играта го замени Илнер.Лацио, ја прекина серијата од четири натпревари без победа и со триумфот над Пескара со 2:0 се врати на третата позиција на табелата. Дефанзивците на Лацио, Раду и Лулиќ по 34 минути игра го решија прашањето на победникот.Следното 27.коло во Серија А носи две дерби средби, во петок Наполи ќе го пречека Јувентус, а во сабота Лацио ќе му гостува на Милан.
МакфаксЕкипата на Наполи во дербито со Јувентус ќе влезе со шест бодови негатива, откако во 26.коло, во Серија, во Удин