Родители на починатите од дискотеката „Пулс“ остварија средба со директорот на Судска медицина Александар Станков на која им било укажано дека се направени анализи на сите починати, но дека не може да кажат какви се резултатите додека трае судската постапка.
Александар Наумов, татко на почината Надица, за медиумите изјави дека ќе се чека вештаците од судска медицина да се изјаснат пред суд.
– Направени се сите токсиколошки анализи на нашите починати деца. Тоа не ни беше одговорено па моравме да дојдеме тука. Ни објаснија дека материјалите се испратени во Обвинителството и дека ќе чекаме на вештачењето во судот, изјави Станков по средбата.


