Направете го ова денеска: За ноќта спроти Велика сабота да го соните својот иден сопруг

Велики петок се смета за најтажниот ден во христијанството и на тој ден не се служи литургија во црквите, освен ако не се поклопи со Благовестие.
Од Велики четврток до Велигден не бијат црковните ѕвона зошто во православната црква тие се знак на радост.


Велики петок строго се празнува.
Тој ден е со црвена боја во календарот и тоа значи дека не се работат ниту домашните ниту земјоделските работи.
Жените на овој ден не смеат да земат игла во раце, зошто се верува дека ќе им се појават плускавци.
На овој ден се почитува строгиот пост, дома не се пали оган, не се готви па дури и леб не се меси тоа утро.
Исто така на овој ден не се слуша никаква музика, не бијат ниту црковните ѕвона.
Постои верување дека девојките на овој ден ако украдат цвеќе од црквени порти и го стават под перница, ноќта пред Велика сабота ќе го сонат својот иден маж.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.