Направете домашен протеински леб што ќе го јадете секој ден

Квалитетот на лебот зависи од видот на житариците и состојките што се користат за негово правење. Лошата „репутација“ на лебот главно се должи на масовната употреба на белиот леб.
Сè почесто на пазарот можеме да најдеме протеински леб, најчесто направен од различни семиња. Но, свежо печениот леб секогаш има предност пред ваквите лебови (но не и оној од класично бело брашно).
Лебот е одличен извор на (сложени) јаглени хидрати, односно енергија, но и влакна, фитохемикалии, витамини и минерали. Доколку досега сте консумирале претежно бел леб или производи од бело брашно, обидете се да замените 50% од вкупниот внес на јаглехидрати со интегрални верзии, односно сложени јаглехидрати. На овој начин ќе добиете повеќе влакна, протеини, витамини и минерали, подолго ќе се чувствувате сити, а шеќерот во крвта ќе ви биде постабилен. Тоа значи дека концентрацијата, фокусот и енергијата ќе ви бидат подобри.
Рецепт за домашен протеински леб
За да направите домашен протеински леб, потребна ви се квалитетни намирници – овесно, бадемово брашно, брашно од ленено семе и прашок за печиво се дел од состојките кои ќе ви бидат потребни за да го направите овој здрав леб.
Состојки:
– 250 гр овесно брашно
– 30 гр брашно од наут
– 15 гр кокосово брашно
– 15 гр брашно од ленено семе
– 15 гр бадемово брашно
– 10 гр прашок за печиво
– 500 гр свежо посно сирење
– 15 гр кујнска сол
– 4 јајца со големина М
Подготовка:
Подгответе го калапот така што ќе го обложите со хартија за печење и загрејте ја рерната на 170°C. Сите суви состојки добро измешајте ги, а во посебен сад измешајте ги сирењето, солта и додадете ги јајцата едно по едно.
Сувите состојки измешајте ги во сувите и добро замесете. Смесата потоа рамномерно се распоредува во калапот и се израмнува. По желба може да ставите лупени семки од тиква и/или сончоглед одозгора.Ставете ја смесата да се пече во загреана рерна околу 45 минути.
Лебот ќе добие златно-кафеава кора, а кога ќе ја прободите средината со чепкалка ќе останат влажни трошки на чепкалката.
Печениот леб извадете го од калапот и превртете го на решетката за ладење. Многу е важно лебот добро да се излади и да се исуши, па покријте го со чиста памучна крпа и оставете да се излади преку ноќ на собна температура.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.