недела, 29 ноември 2026
Најново

Направете паста за заби од само 4 природни состојки (РЕЦЕПТ)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во последно време многу се зборува против флуорот во пастите за заби, бидејќи се појавија докази за штетноста на овој елемент по здравјето.

Доколку сакате да го исфрлите од употреба направете сами паста за заби бидејќи денес тешко се наоѓаат пасти кои не го содржат флуорот. Оваа паста се состои од здрави состојки кои не се расипуваат, па не морате да ја држите во фрижидер.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потребно ви е:

1 лажица кокосово масло, неколку капки етерично масло од нане, 1 лажица сода бикарбона, листови нане, стевија по вкус.

Подготовка: Помешајте го кокосовото масло со сода бикарбона и иситнетите листови нане, додадете неколку капки етерично масло од нане и малку стевија, природен засладувач, бидејќи таа ќе ви даде пријатен вкус кој ќе им се допадне и на вашите деца. Сите состојки добро помешајте ги и ставете ги во стаклена тегличка (за секој член од семејството во посебна тегличка). Четкичката натопете ја во пастата и мијте ги забите на вообичаен начин.