недела, 15 ноември 2026
Најново

Направил операција, па побарал поткуп: Доктор приведен, кај него најдени обележаните пари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани.

М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Поврзани теми

Поврзани вести