Сопственик на хаска и златен ретривер непријатно се изненадил откако враќајќи се во домот наишол на вистински хаос. Кога ја прегледал снимката од надзорната камера, му станало јасно кој е виновникот за тоа.
Предметите во домот биле целосно уништени, а камерата покажала дека штетата е направена од неговото милениче, хаскито Орео кој со забите го влечел каучот сè до крајот на просторијата, пред да почне да го жвака. Додека златниот ретривер лежи на подот, набљудувајќи го, Орео прави хаос во собата. Откако и двете кучиња го слушаат пристигнувањето на нивниот сопственик, се преправаат како ништо да не се случило, изгледајќи невино.