Наредбата да ја прекине седницата Џафери ја добил од Груби (Видео)

Со видеото кое го објавува ТВ“21“, тврдат дека Артан Груби му дал наредба на претседателот на Собранието, Талат Џафери да ја прекине седницата за имунитетот на Вељановски. На видеото на ТВ“21“, се гледа како Груби му дава знак со рака на Џафери.
На вчерашната прес-конференција Артан Груби демантираше дека му дал знак на Џафери да ја прекине седницата. Тој рече дека знакот кој му го дал на спикерот на Собранието бил за да го прекине говорот на Мицевски и да почне процедура за гласање за имунитетот на Вељаноски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.