Во следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на Африкански бран кој ќе условува многу високи температури на воздухот како и екстремно висок УВ индекс кој ќе има коефициент некаде од 10 до 11, информира Метеомакс.
Температурите на воздухот полека но сигурно се се` поблиску до 40°C па така во следните денови истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 27 до 34- 35 степени.
Според моменталните анализи уште потопло би било некаде кон 10 јуни кога во најтоплите региони температурите на воздухот би се искачувале некаде до околу 37- 38 степени.
Сепак и покрај најавениот африкански бран треба да се напомене дека во следните денови во попладневните часови и навечер ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и локална појава на невреме со град.