Главна тема во македонските медиуми е синоќешната вооружена пресметка во кафе барот во Стара скопска чаршија во која беа убиени две лица, а еден од убиените е поранешното момче на познатата српска старлета Алекс Николиќ, објавија српски медиуми.
Алекс пред да и се приклучи на „Задруга“ била во бурна врска со Јетон Кривањева кој синоќа беше убиен, за кој таа порано изјавувала дека е насилник.
Тие се запознале додека таа настапувала по клубови во Македонија, а набрзо почнале заедно да живеат во Скопје.
– Ја напуштив работата поради него, бидејќи не ми дозволуваше да играм. Се забавував со него година и пол, но го оставив затоа што ме тепаше. Тој го направи тоа затоа што мислеше дека гледам во некој тип. Ме тепаше толку многу што имав сериозна повреда на усната – изјавила таа во својата исповед, пренесе Блиц.рс.