Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25. Фестивал во Р Италија („Quartieri dell’Arte“). Претставата ќе има само една изведба и ќе се одигра на 5 ноември на сцената во театарот во Витербо (Teatro dell’Unione). Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување.
Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети. QdA создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови „хибридни“ стратегии за пишување на нови драми.
За да му се даде дополнително значење на зборот „Револуција“, содржан во насловот на тематскиот циклус на QdA, на овој комплексен проект „Патиштата на хероите“, чиј организатор на фестивалот е негов партнер: проектот вклучува изработка на извештаи за отпад за влијанието врз животната средина на некои од емисиите што ќе поминат низ QdA во периодот 2021/2022 год. изработени од експерти и во соработка со Универзитетот во Тушија.
Изработени се неколку краткометражни филмови и театарска претстава за еколошките херои. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западниот Балкан. Фестивалот бил/е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер и Народни дивадло, Прага, како и со Македонскиот народен театар – РС Македонија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.