По 10-дневното лекување на детската клиника, деветмесечното бебе болно од туберкулоза ја загуби битката со болеста.
Народниот правобранител формирал предмет, за да се испитаат околностите со бебето кое во тешка здравствена состојба беше донесено на Клиниката за детски болести заразено од туберколоза ,а кое почина откако дополнително му се влоши состојбата.омбудсманот ќе бара одговори почнувајќи од грижата и негата за бебето, па сѐ до делувањето на социјалните служби.
По 10-дневното лекување на детската клиника, деветмесечното бебе болно од туберкулоза ја загуби битката со болеста.
Тоа со денови беше приклучено на механичка вентилација ,поради сериозните оштетувања на белите дробови.
Со заразната болест беше инфицирано целото негово семејство од Куманово. Таткото и трите други деца беа згрижени во болницата во Козле, кои и покрај инсистирањето на лекарите да останат, вчера ја напуштиле болницата на своја одговорност. Во меѓувреме надлежните служби проверуваат дали бебето било запоставено од родителите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.