Народни верувања за петок, ова никако не смеете да го правите утре

Народните верувања и обичаи кои ги следат се присутни во секој сегмент од животот. Тие верувања не ги заобиколуваат ниту деновите од неделата. Така, во петок, ден за кој се поврзуваат најголем број верувања, особено што долго време се сметал за малерозен ден. Дури се верувало дека децата кои се родени во петок ќе ги следи малер во текот на животот.
Овие нешта, според народните верувања, никако не треба да ги правите во петок:
Во петок не треба никако да се чешлате, бидејќи од тоа боли глава и побрзо белее косата.
Честопати може да се слушнат изјави дека домаќинката во петок не перат, не чистат, невршат никаква домашна работа. Некои дури не се капат и не сечат нокти во петок.
Се верува дека во петок се завршуваат сите работи, а никако да не се почнуваат нови.
Сите овие верувања може да се доведат во врска со христијанството, бидејќи во петок се пости и се тагува по распнатиот Исус.


Уште една работа не треба да се прави во петок, доколку сакате да имате пари!
Се верува дека во петок не треба да позајмувате пари, ниту да враќате долгови.
Во некои семејства важи правилото во петок ништо да не се изнесува од куќата, а особено не прехрамбени намирници од животинско потекло. Оној што ќе го прекрши правилото, па ќе му позајми некому млеко, се верувало дека волци ќе му ја задават стоката.
Во петок старите не оделе на лозјата, а избегнувале и да патуваат.
Интересно е и тоа дека многумина имале различни називи за одреден петок во годината:
Првиот петок во годината по месечевата мена се нарекува Млад петок. Тогаш жените и девојките ништо не работеле од женски работи, не готват, не месат леб, не шијат, а причина за тоа била главоболката.
Петокот кој се паѓа во Тодорова недела, се вика Луд петок, петок во Страшна недела се вика Велики петок, петокот по Божик се вика Светол, а во неделата на Света Тоица се вика Русан петок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.