Петар Поп Арсов е македонски национален херој, филолог, револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК, задграничен претставник на организацијата, автор на Првиот устав на Внатрешната организација, идеолог, книжевник, публицист, борец за национално, културно и духовно издигање на македонскиот народ, поборник за македонската самобитност, борец за воспоставување на самостојна независна држава Македонија, за изградување на независна Македонска црква и образование и македонскиот литературен јазик и правопис.
Во Софија станал еден од основачите на Македонското студенско друштво заедно со Даме Груев, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев, Никола Дејков и други. Учествува во работата на оформување на уставот и правилникот на друштвото. По растурањето на друштвото учествува во основањето на Младата македонска книжевна дружина и влегол во редовите на Лозарското движење, заедно со Георги Баласчев, Георги Белев, Климент Караѓулов. Арсов бил поставен за главен уредник на весникот Лоза, официјален орган на Лозарите. Од првиот број на списанието каде го објави и својот расказ На Мокров, воведе еден нов македонски фонетски правопис, каде и за првпат ги наоѓаме и употребени и карактеристичните букви: К’, Г’, Н’, а се исфрлени двогласните букви:Ъ, Ю, Ь, a гласот Ј е предаден во I.
За време на подготовките на списанието „Македонија“, двапати бил притворан како интелектуален поттикнувач. Учествувал во работата на Народната федеративна партија и парламентарните избори во 1910 г. Се заложил за изградување на независна Македонска црква и независно образование, ја пласирал идејата за отворање на Висока педагошка школа во Скопје со статус на државен факултет, со Теодосиј Гологанов и Крсте П. Мисирков. За време на Првата балканска војна се повлекол во Велес , каде организирал семакедонска конференција, на која заедно со Димитрија Чуповски, бил избран да отпатуваат во Лондон за да го постават — македонското прашање на Мировната конференција, неговиот поглед по во ова прашање го дознаваме од реченицата: „Македонија ако ја немаше би требало дипломатијата да ја создаде за доброто на Балканот“, но под притисок на српската власт биле разоткриени, Чуповски се вратил во Русија , а Петар под закана за сопстевниот живот пребегал во Бугарија. Во 1914 г. Во Костенец станал учител. Во 1920 г. се повлекол од јавниот политички живот и се оженил со учителката од Солунската женска егзархиска гимназија, Христина Начева. Во 1930 г. се преселил во Софија (се претпоставува дека контактирал со Македонскиот литературен кружок), каде останува до крајот на животот.
Автор е и на познатата публикација „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, каде пишува:
“Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редактори итн., а од егзархиската служба ги отстранува совесните Македонци против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети од својата татковина…”
Петар Поп Арсов во ова брошура која заради одбегнување проблеми ја потпишал со псевдонимот “Вардарски”, опсежно го анализирал ова прашање.
Во писмото на Поп Арсов до бившиот министер на Бугарија, Михаил Сарафов, меѓу другото, пишува: „И Ве уверуваме дека таква ќе продолжи да биде положбата на сите твои сонародници што доаѓаат во Македонија со претензии: „да создаваат Бугари“, „да ја култувираат земјата“, да повелаат во cè како што сакате вие да правите во Солун со неделното училиште со вашето ‘раководителство, со игнорирање на правата на општината – претставничка на народот; уште потешка ќе му стане положбата и на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжи да ви дава слични инструкции; нема да прокопса ни бугарската идеја ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците асли ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарејќи на слепата доверба кон своите божемни браќа, па немаме и што да загубиме. Жално е, но што да правиме, кога мнозинството од нашата интелигенција е расипана од вашето зло”.
Меѓу другото Поп Арсов додава:
Егзархијата дава пари и купава ветер зашто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува… сомневајќи се во најново време во некаков сепаратизам, а првин – се гледа во нашата народност. (се стреми б.н) да го убие секое посамостојно движење во нас, да ја одземе секоја можност Македонците да се занимаваат со повозвишени општествени прашања, и на тој начин… да го стави народниот македонски дух во полна зависност од неа, да го огради како птица во кафез… да не окова во синџири за да не разигрува како мечка, и да не води таму, од каде добива голем бакшиш… Ни даваат пари за да не убијат… По ѓаволот тие пари, ако нашите општини, убивајќи ги, уште и не ги веруваат, па им натрапуваат семожни претседатели, владици, директори, учители и сл. за да ги контролирале (?!) сумите-единствениот мотив на бугарската пропаганда… Да, бугарска пропаганда!“
Вечна му слава!