НАСА го истражува првото злосторство во вселената

НАСА ги истражува тврдењата дека астронаутката Ен Меклејн пристапила кон банкарската сметка на својата поранешна партнерка од Меѓународната вселенска станица.
Ова можеби е првиот извештај за злосторство направено во вселената.
Меклејн признала дека пристапила кон сметката на ИШ, но негира било какви обвинувања, пренесува Би-Би-Си повикувајќи се на објава во Њујорк Тајмс.
Нејзината поранешна партнерка Самер Ворден наводно поднела жалба до Федералната комисија за трговија.


Таа за Њујорк Тајмс изјавила дека открила што се случува откако станала љубопитна како Меклејн знае детали за начинот на кој таа ги троши парите, иако се разделени и Ен орбитира околу Земјата.
Меклејн тврди дека ја користела истата лозинка која секогаш ја користела за време на нивната врска, како и дека не и рекле да престане да пристапува кон банкарските сметки на Ворден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.