Парче мраз сo површинa oд oкoлу 220 километри квадратни, пред еден месец се одвои од глечерот Пајн Ајланд на Антарктикот, соопшти НАСА објавувајќи фотографија направена при движење над огромната ледена површина.
Глечерот „трипати поголем од Менхетен“, како што вели НАСА во објавата, е наречен Б-46, и се наоѓа на западниот дел од Антарктикот. Според некои научници, тој е показател како глобалното затоплување ја менува нашата планета.
Кога е откриен, мразот имал површина од 226,3 километри квадратни, но тој постепено се топи.