Засега не постои систем кој би предупредувал на можен удар на некое вселенско тело во Земјата, меѓутоа проектот кој го развива америкaнската агенција за вселенски истражувања NASA на Хаваи би можел да го измени тоа, пишуваат во понеделникот американските медиуми.Системот за предупредување би требало да обезбеди доволно време за евакуација на загрозените области, а доколку таквиот систем досега беше оперативен последиците од метеорскиот дожд од утрото во петокот што го погоди рускиот град Чељабинск кога беа повредени повеќе од илјада луѓе и оштетени 2.962 објекти од кои 34 се здравствени установи, 11 установите за социјална заштита и 361 училишта и детски градинки, би биле далеку помали.„Постојат одлични техники за пребарување на небото со коишто е возможно да се воочи вселенско тело ден или два дена пред неговиот пад на Земјата“, вели астрономот Џон Тонри од Институтот за астрономија на универзитетот на Хаваи, пренесува BBC.„Тие системи, меѓутоа, не го покриваат целото небеско пространство секоја ноќ, па постојат големи изгледи некои објекти да мината незабележани“, рекол Тонри, додавајќи дека метеорот во Русија „очигледно се провлекол“.Тонри е еден од експертите кои го развиваат проектот на NASA наречен ATLAS кој всушност претставува систем од две опсерватории на Хаваите кои симултано би можеле да го скенираат целото небо двапати во текот на една ноќ.„Доколку ATLAS веќе беше оперативен, ќе можевме да го забележиме метеорот кој ја погоди Русија и да испратиме предупредување ден или два попрано“, изјави Торни.Сепак, успешноста на овој систем зависи од најмалку два услова. Првиот е на небото да нема облаци, а вториот е објектот да не и’ се приближува на Земјата од насока на Јужниот пол „ каде што ATLAS не може да гледа“, имајќи предвид дека се наоѓа на северната полутопка.Оттаму, Тонри предлага градење повеќе слични системи кои би биле разместени низ целат планета со што би се намалила можноста вселенскиот објект да миен незабележан.
МакфаксЗасега не постои систем кој би предупредувал на можен удар на некое вселенско тело во Земјата, меѓутоа проектот