НАСИЛНО ЈА ВНЕЛ ВО ВОЗИЛО И ЈА НАТЕПАЛ: Кривична на 31-годишник од Тетовско

Триесетиедногодишник е осомничен за насилно внесување девојка од Тетово во возило и за физички напад врз неа, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што се појаснува во соопштението, од страна на СВР – Тетово, поднесена е кривична пријава против С.К. од село Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

„На 22 март во Тетово, пријавениот со употреба на сила внел девојка во неговото возило, по што физички ја нападнал“, се додава во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: