НАСКОРО ДО ГЕРМАНИЈА ЗА СЕДУМ МИНУТИ: Се гради најдолгиот подводен тунел во светот – ги поврзува Скандинавија и Централна Европа

Започна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ги поврзува Скандинавија и Централна Европа .Станува збор за 18-километарскиот тунел Фемарнбелт меѓу Данска и Германија под Балтичкото Море, кој ќе има патен и железнички сообраќај.Сообраќајот на патиштата ќе се одвива по две ленти во двата правци.Почетокот на изградбата свечено го официјализирал данскиот крал Фредерик X.Се планира тунелот да биде пуштен во сообраќај во 2029 година, а значително ќе го скрати патувањето меѓу Данска и Германија. Имено, сегашното патување со траект трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, патувањето со воз ќе трае седум минути, а патувањето со автомобил ќе трае десет минути.Тунелот ќе се состои од 89 бетонски елементи кои се направени во фабрика во градот Родбихавн, кој се наоѓа на данскиот остров Лоланд. Ова е најголемата фабрика во северна Европа. Изградбата ќе чини 4,8 милијарди евра и е целосно финансирана од Данска, која потоа ќе одлучува за наплатата на патарините за тунелот.Во последните неколку децении, Данска изгради патни и железнички врски со соседна Шведска и меѓу двата големи дански острови. Имено, во 2000 година се изградени мост и тунел кои ги поврзуваат Копенхаген и Малме како трет по големина шведски град.Две години претходно беше воспоставен патен сообраќај помеѓу островот Фунен, на кој Одензе е трет по големина дански град, и Копенхаген. Меѓу овие два града пред една година почна да сообраќа воз, пренесува Euronews.

Пронајдете не на следниве мрежи: