Наскоро на аукција првата книга печатена во САД

Првата книга печатена во Америка би можела на наддавање во Њујорк да ја постигне цената од околу 30 милиони американски долари, проценуваат Sotheby's.

 Станува збор за книгата „The Bay Psalm Book” печатена во 1640 година во сегашната сојузна американска држава Масачусетс, една од 11-те преостанати копи од преведената верзија на „Книгата на псалмите”.
Книгата не е понудена на ниедна аукција уште од 1947 година, кога била продадена за тогаш рекордните 151 илјада американски долари. Оваа цена, пресметана во денешна вредност би изнесувала 1,56 милиони долари, а во тоа време претставувала највисоката цена постигната на наддавање за печатена книга.
Рекордот во цената за печатена книга продадена на аукција во САД сé уште го држи книгата „ Birds of America”Џин Џејмс Одјубон.
Книгата „The Bay Psalm Book” ја напишале доселеници, дваесет години откако била основана колонијата во Плимут. Џон Котон, Ричард Метер и Џон Елиот, кои ја напишале книгата, сакале верзија на псалмите за кои верувале дека е поблиска на хебрејскиот оригинал од оние коишто ги донеле со себе од Англија. Средствата за печатењето на книгата биле собрани во Англија.
Првично биле отпечатени 1.700 копии на оригиналната книга, а онаа којашто ќе биде понудена на наддавањето и' припаѓа на колекцијата ба бостонската Old South Church којашто поседува два примерока од првото издание. Парите од продажбата на книгата ќе бидат употребени за одржување на оваа историска градба и за проширување на програмата на нејзиното дејствување.
„Тоа е извонредно значајна книга, една од најважните во историјата на овој народ”, изјави отецот Ненси Тејлор.
Книгата ќе биде изложена во повеќе американски градови пред на 26-ти ноември годинава да биде понудена на наддавањето.
Макфакс
Првата книга печатена во Америка би можела на наддавање во Њујорк да ја постигне цената од околу 30 милиони американск

Пронајдете не на следниве мрежи: