Наскоро нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар

Помина повеќе од еден месец, но сè уште не се знае што ги затвори операциските сали на Хируршките клиники, што мирисаше лошо. Анализите од Германија уште се чекаат.

Министерот Арбен Таравари се интересирал за резултатите, не ги добил наодите. И додека да се дознае вистината, Министерството за здравство ќе набавува нова компресорска станица, откако пропадна тендерот на заедничките служби на Клинички центар.

Додека да се реши овој проблем, салите на Хируршките клиники ќе работат со надворешни компресори, а товарот ќе остане врз ГОБ „8 Септември“ и Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“.

Пронајдете не на следниве мрежи: