Наскоро 3D Кама Сутра на вашиот смартфон

Сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини во спалната соба и да ги совладаат сите можни и неможни секс пози ќе бидат во можност да го сторат тоа со помош на “Кама Xcitra” 3D апликација за паметни телефони или таблет.
Технологијата ги претвора рачно изработените цртежи во холограми кои преку таблет или паметен телефон нудат објаснување на 69 секс пози за крајно задоволство. Оваа апликација доаѓа со превод од текстот на книгата Кама Сутра, која првично беше напишана во санскрит пред 2000 години.
“Кама Xcitra” нуди помош на паровите кои мака мачат како да ги совладаат вештините за позите кои се наоѓаат во оригиналната книга и благодарение на 3D изданието, обуката е полесна отколку било кога досега. Апликацијата им овозможува на корисниците да го променат нивниот изглед, боја на косата и кожата и сето ова низ музика по ваш избор.
Производителите на апликацијата “Кама Xcitra” велат дека е веќе возможно таа да се резервира на Амазон за само 10 долари.
3D фотографиите со секс пози од секој агол ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани од 18 јули.
 Сите оние кои сакаат да ги подобрат своите вештини во спалната соба и да ги совладаат сите можни и неможни секс пози ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: