„Наследникот“ на Џејмс Бонд има 23 години постара сопруга, а врската со ЌЕРКАТА ГИ ШОКИРА ЛУЃЕТО! Се појавиле на црвениот тепих и направиле хаос: „Како да и е дечко, а не очув“

Британскиот актер Арон Тејлор Џонсон, познат по својот исклучителен талент и атрактивен изглед, со години е еден од најпосакуваните мажи во филмската индустрија. Тој е најпознат во јавноста по улогата во филмот „Kick-Ass“, а неговото име често се споменува во контекст на потенцијален наследник на Џејмс Бонд – што дополнително ја зголемува неговата популарност.Сепак, приватниот живот на Арон Тејлор Џонсон често е интересен за јавноста како и неговата кариера. Од 2012 година е во брак со режисерката Сем Тејлор Џонсон, која е 23 години постара од него, а нивната врска предизвика бројни коментари и контроверзи, особено поради околностите под кои се запознале.Многумина коментираат дека личат на мајка и синСем и Арон Тејлор Џонсон почнале да се забавуваат кога актерот имал само 18 години, а нивните најнови заеднички појавувања на филмски премиери или јавни настани не минуваат без реакции. Последните фотографии од премиерата на неговиот филм „Craven the Hunter“ на кој се појавиле со ќерките на Сем од претходниот брак дополнително ги запалија социјалните мрежи.На премиерата, на Арон и Сем им се придружиле нејзините ќерки Анџелика и Џеси од претходниот брак. Она што предизвикало лавина коментари е фактот дека Анџелика е само седум години помлада од нејзиниот очув Арон. На социјалните мрежи многумина забележале како нивната динамика делува „неприродно“, а се појавиле и коментари од типот: „Изгледа како да се пар, а не очув и поќерка“.свен овие реакции, обожавателите на актерот продолжуваат да ја критикуваат Сем за нивното минато, тврдејќи дека таа го „завела“ Арон кога тој бил тинејџер. Фотографиите од тој период многумина ги нарекуваат вознемирувачки, а режисерката често е етикетирана како „предатор“.Арон за неговата љубов кон СемИако се соочени со бројни осуди, Арон Тејлор Џонсон не крие колку му значи неговата постара сопруга. Тој често истакнува дека таа е негова сродна душа и дека уште од моментот кога се запознале знаел дека сака да го помине животот со неа. Бракот го официјализирале во 2012 година, преземале комбинирано презиме, а заедно имаат две ќерки, Вилда и Роми.Додека едни ја осудуваат нивната врска, други ги гледаат како пример за успешен и стабилен брак во светот на познатите, но секое нивно појавување во јавноста останува предмет на интензивни дебати.

Пронајдете не на следниве мрежи: